Утрински Весник
Спорт

Ворли победи во Кронплац

Ворли победи во Кронплац

Теса Ворли од Франција, победи на трката во велеслалом, која се возеше во Кронплац, Италија. Ворли по двете трки имаше време 2:11.38 минути. Таа победи пред Лара Гут-Бехрами од Швацарија (2:11.65) и Марта Басино од Италија (2:12.11).

Трагичарка на денот е Мишел Гисин од Швацарија. Таа беше најдобра по првата трка, водеше и во втората, но направи грешка во самиот финиш и на крајот го освои шестото место.

На четвртото место трката ја заврши Американката Михалеа Шифрин, која првата трка ја заврши на второто место.

Басино и по денешната трка остана на челната позиција во поредокот, во велеслалом. Италијанската има 460 поени, Ворли со 336 се проби на второто место, а Гисин е трета со 312.

До крајот на сезоната останаа уште две трки во велелслалом.

Неизвесно до крајот на сезоната ќе биде и во борбата за Големиот кристален глобус. Петра Влхова води во вкупниот пласман со 883 поени, 10о повеќе од Гисин, Гут-Бехрами и Басино.

> Ворли победи во Кронплац <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027