Утрински Весник
Свет

Трамп нема да ја напушти Републиканската партија

Трамп нема да ја напушти Републиканската партија

Претседателскиот комитет на кампањата „Доналд Трамп за претседател“ ги отфрли шпекулациите дека се занимава со заеднички активности за собирање средства со Патриотската партија, основана минатата недела во Џорџија, пренсува „Спутник“.

Комитетот рече дека контактирал со Федералната изборна комисија (ФЕЦ) од загриженост дека јавноста може да биде наведена да поверува дека активностите на Патриотската партија се одобрени од екс-претседателот или неговата кампања кога тоа не е точно.

На 22 јануари, Мајкл Џозеф Гол објави документ до ФЕЦ во кој тврди дека кампањата на Трамп собира средства заедно со Патриотската партија.

„ Ние не го поддржуваме овој напор, немаме ништо со тоа и знаеме за тоа само преку јавното известување“, рече портпаролот на Трамп, Џјсон Милер во смс-порака.

Кампањата на Трамп исто така истакна дека тој не планира да ја напушти Републиканската партија за да формира нова организација. Милер рече дека екс претседателот е посветен на реизборот на републиканците на идните избори.

По неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, Трамп навести дека може да се кандидира за претседател во 2024 година.

„Ние се обидуваме да добиеме уште четири години. Во спротивно, ќе се видиме за четири години”, им рече републиканецот на новинарите на прием во Белата куќа во декември 2020 година.

Само еден претседател на САД отслужи два последователни мандати, демократот Гровер Кливленд избран во 1884 и во 1892 година.

Гласините за можно враќање на Трамп се интензивираа во деновите пред инаугурацијата на Џо Бајден, а медиумите објавија дека бизнисменот-политичар сака да формира своја партија бидејќи се вознемири зашто некои републиканци одбија да ги поддржат неговите тврдења дека демократите ги местат изборите.

Без оглед дали е вистина или не, неговата судбина сега лежи во рацете на американскиот Сенат бидејќи се соочува со второто судење за импичмент.

Претставничкиот дом ја одобри постапката претходно овој месец со префрлување на процесот во Сенатот. Судењето е закажано на 9 февруари. За да биде осуден, потребно е двотретинско мнозинство. Сенаторите може да гласаат и за забрана Трамп повторно да добие јавна функција.

.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња