Утрински Весник
Спорт

Јаневски ќе го предводи Олимпијакос од Никозија

Јаневски ќе го предводи Олимпијакос од Никозија

Поранешниот македонски селектор, Чедомир Јаневски, повторно ќе работи на Кипар, тој договорил соработка со Олимпијакос од Никозија. Јаневски во минатото, во оваа земја, бил тренер на Енозис и Етникос.

Според кипарските медуми, Јаневски, официјално ќе го преземе Олимпијакос на 5.февруари.

Олимпијакос, во лигата во која се натпреваруваат 14 екипи, по 21 рунда се наоѓа на деветтото место со 24 поени. Новиот тим на Јаневски доживеа порази на последните пет натпревари.

> Јаневски ќе го предводи Олимпијакос од Никозија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство