Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис
Dik 300x250 mk

И Стево Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис по стандарди на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера претседателот го потпиша Указот за прогласување на законот за попис на населението.

Според опозицијата, наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус.

„Целта е јасна, Заев прави политички дил за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменикот директорот на Заводот за статистика. Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред се своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Oд партијата велат дека од ваквиот насилен попис во кој биле одбиени сите конструктивни предлози на опозицијата, штета ќе имаат сите граѓани, а најмногу Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека е потребно да биде спроведен попис, но како статистичка а не политичка операција, па затоа, тие ќе отпочнат со собирање на граѓански потписи со цел поништување на Законот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор