Френк Лампард од вчера повеќе не е тренер на фудбалерите на Челси. Лампард во соопштението, со кое се обрати на јавноста, напишал дека е „разочаран што немал време да го поведе клубот напред“.
Лампард, 18 месеци беше тренер на „сините“, замина во моментот кога тимот се наоѓа на деветтото место на табелата.
„Кога ја прифатив оваа работа знаев дека се соочувам со големи предизвици, клубот минуваше низ тежок период. Горд сум на она што го остварив, горд сум на играчите од Академијата кои зачекорија во првиот тим кои играа добро. Тие се иднината на клубот. Разочаран сум што немав време оваа сезона да одиме напред, жалам што немав време да го однесам клубот на едно повисоко ниво“, напипал Лампард.
Најдобриот стрелец во историјата на Челси (211 голови), во јули 2019 година, го замени Маурицио Сари на менаџерската позиција, кога потпиша тригодишен договор.
Во својата прва сезона го освои четвртото место во Премиер лигата и играше во финалето во ФА купот.
Оваа сезона, Челси, на последните осум натпревари забележа пет порази, поради што Роман Абрамович реши да ја прекине соработката со тренерот Лампард.
Британските медиуми тврдат дека нов тренер на Челси ќе биде 47-годишниот Германец, Томас Тухел.
> Лампард: Разочаран сум што не добив повеќе време <