Утрински Весник
Спорт

Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Роман Абрамович вообичаено е тивкиот газда, тој што ги влече конците од заднина, но не се експонира во јавноста, а по одлуката да го отпушти Френк Лампард, рускиот милијардер (кој сега наводно живее во Израел), реши да се јави со официјално соопштение.

Тој му се заблагодари на 42-годишниот Лампард за речиси двегодишната соработка и посочи дека статусот на Англичанецот како икона на Челси останува без дамка. Ова е првпат Абрамович да даде соопштение по смена на тренер.

„Ова беше многу тешка одлука за клубот не само поради моите одлични лични односи со Френк и огромната почит што ја имам кон него. Тој е човек со огромен интегритет и највисока работна етика. Меѓутоа, под сегашните услови веруваме дека е најдобро да се смени менаџерот. Од сите во клубот, бордот и од мене лично, би сакал да му заблагодарам на Френк за рабоата и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува без дамка. Секогаш ќе биде топло добредојден на ‘Стемфорд бриџ’“, се вели во изјавата на Абрамович на официјалната веб-страница на клубот.

Потврда од Челси: Му врачивме отказ на Лампард

> Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид