Во упатството за вакцината „спутник V“ не е наведено дека нејзината употреба е забранета кај пациенти заболени од карцином, изјави директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург, пренесува за „Спутник“.
Само е наведено дека треба да се користи со претпазливост кај оваа група на пациенти по консултација со лекар. Ова не е поврзано со безбедносните прашања на вакцината ‘спутник V’, туку со фактот дека онколошките пациенти имаат разни третмани со хемотерапија, кои вклучуваат употреба на цитостатици, што може да ја намали имунолошката функција“, објасни Гинцбург.
Според него, употребата на вакцината „спутник V“ не може да предизвика рак, бидејќи се базира на докажана и добро проучена платформа за човечки аденовирус, за разлика од голем број други препарати засновани на аденовирус на шимпанза и РНК-платформа, чии долгорочни ефекти не се проучени.