Утрински Весник
Економија

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95,ЕУРОСУПЕР БС-98 како и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025