Утрински Весник
Свет

(Видео) Нереди во Холандија поради корона-мерките: пендреци, водени топови и масовни апсења

(Видео) Нереди во Холандија поради корона-мерките: пендреци, водени топови и масовни апсења

Повеќе од 150 лица беа уапсени во Холандија во неделата, откако протестите против воведувањето полициски час, а кои се забранети, станаа насилни.

Полицијата во јужниот град Ајндховен употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата откако демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења и го запалија центарот на градот. Таму беа уапсени најмалку 55 лица.

https://www.youtube.com/watch?v=niGWmNEX3U4

Полицијата соопшти дека жената, која не учествувала во протестите, била хоспитализирана откако била повредена од полициски коњ.
Во главниот град Амстердам, полицијата употреби и водени топови против демонстрантите собрани во градскиот парк. Уапсени се повеќе од 100 лица, пренесува „Еуроњуз“.

Протестот се случи еден ден откако владата воведе ноќен полициски час, првпат по Втората светска војна.

Меѓу демонстрантите имало и сопственици на ресторани кои се противат на „заклучувањето“, пренесува Ројтерс.

Протестот се одржа и во саботата вечерта, кога беа уапсени 25 лица низ целата земја и беа изречени 3.600 казни за кршење на полицискиот час.

https://www.youtube.com/watch?v=UquzUyAMHxs

За време на првата вечер од полицискиот час, демонстрантите запалиле лабораторија за тестирање на коронавирусот во холандското рибарско село Урк и фрлале петарди.

Владата соопшти дека се потребни строги мерки за да се запре ширењето на уште позаразен и опасен вид на коронавирус.

Земјата е во строг локдаун од средината на декември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата