Утрински Весник
Македонија

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Возач итно пренесен во болница откако со автомобил се забил во банкина кај „Мавровка“

Автомобил марка „пежо“ удри во банкината на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровска“. Според очевидци, инцидентот се случил околу 11:30 минути.

Возачот со брза помош е пренесен во градската општа болница Свети Наум Охридски. За видот и тежината на повредите, засега нема информации.

Непознати се и причините поради кои возачот изгубил контрола врз автомобилот.

Од МВР, детали за сообраќајката најавија по увидот. Поради несреќата, полицајци го регулираат сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пожар го затвори експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот во прекин

Скопјанец во Охрид со бензин испрскал момче од Кичево

Левица: ДПМНЕ ја распродава енергетската иднина на Македонија со дата-центар во Пехчево