Утрински Весник
Свет

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија поостри казни за неносење маски, ќе се издаваат на самото место

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми.

Шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша, оцени дека сегашната епидемиолошка состојба е многу подобра отколку што беше во декември минатата година, но дека сè уште има голем број нови инфекции на дневна основа и дека пациентите сè уште умираат.

„ Треба да продолжат да се придржуваат до мерките – маска, далечина, хигиена. Сега имаме нова надеж, а тоа е вакцината. Се надевам дека за неколку месеци полека ќе се вратиме во нормален живот”, рече Ивануша.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија моментално е четврта во Европа по стапката на вакцинација, а деветта во светот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд