Утрински Весник
Свет

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Американскa студиja: На 100.000 вакцинирани имало по едно лице со сериозна алергиска реакција

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги следат мерките за „локдаун“, предупреди англискиот заменик-главен медицински службеник.

Пишувајќи во „Сандеј телеграф“, професорот Џонатан Ван-Там појаснува дека научниците „сè уште не го знаат влијанието на вакцината врз трансмисијата“. Тој вели дека вакцините нудат „надеж“, но стапките на инфекции мора брзо да се намалат.

Оваа недела ќе се отворат уште 32 места за вакцини низ Англија. Ван-Там додава дека „ниту една вакцина никогаш не била ефикасна“ 100%, така што нема гарантирана заштита.

Тој предупредува дека е можно човек повторно да се зарази со вирусот во период од две до три недели по добивањето на вакцината. Па според него, „подобро е“ да се дозволи „најмалку три недели“ за имунолошкиот одговор во целост да се развие кај постарите луѓе.

„ Дури и откако ќе ги примите и двете дози на вакцината, сепак може да му пренесете Ковид-19 на некој друг и синџирите на пренесување ќе продолжат. Ако го промените однесувањето, се уште би можеле да го ширите вирусот, да го одржувате бројот на случаи високи и да ги изложувате на ризик другите, на кои исто така им е потребна нивната вакцина, но се подолу во редот за вакцинација“ нагласува професорот Ван-Там.

Докторите ги повикаа здравствените власти во Англија да го намалат јазот помеѓу првата и втората доза на вакцината Фајзер-БионТех. Максималното чекање беше продолжено од три на 12 недели со цел да се добие првата доза на повеќе луѓе низ Велика Британија.

Но, Британското лекарско здружение соопшти дека политиката е „тешко да се оправда“ и дека јазот треба да се намали на шест недели, бидејќи постои загриженост дека вакцината може да стане помалку ефикасна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица