Утрински Весник
Спорт

Лазаров: На СП го допревме дното, со добра стратегија сега треба да почнеме да напредуваме

Лазаров: На СП го допревме дното, со добра стратегија сега треба да почнеме да напредуваме

Ракометната легенда, еден од најдобрите десни бекови во историјата на овој спорт, Кирил Лазаров, во опширно интервју за подкастот на ракометниот сојуз на Хрватска, говори на многу теми.

Лазаров со Македонија се наоѓа во Египет на СП. Десниот бек седми пат во кариерата е учесник на еден Мундијал. На 27.Светско првенство, Македонија потфрли со играта и резултатите. Во досегашниот тек од првенството Лазаров и екипата забележаа победа само над Чиле, а доживеа порази од Шведска, Егпипет, Словенија и Русија.

„Знам дека цела Македонија тагува од нашите убедливи порази. Верувајте ниту мене не ми е лесно. Кај нас е смена на генерациите, но и покрај тоа мораме да се бориме до крај. Можеби ова СП е добро за нас, го допревме дното и имаме шанса со добра стратегија да почнеме да напредуваме“.



> Лазаров: На СП го допревме дното, со добра стратегија сега треба да почнеме да напредуваме <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026