Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за реформата во образованието

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за реформата во образованието

ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование, изјави пратеникот Тимчо Муцунски.

„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, рече тој.

Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука, додаде Муцунски, наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието.

„Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина