Утрински Весник
Свет

Руските мировници им помогнале на 87 бегалци да се вратат во Нагорно-Карабах

Руските мировници им помогнале на 87 бегалци да се вратат во Нагорно-Карабах
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руските мировници придружувале група од 87 бегалци од Ерменија во регионот Нагорно-Карабах, се вели во соопштението од руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„Руските мировници продолжуваат да го олеснуваат враќањето на бегалците во нивните домови. Уште 87 бегалци беа пренесени од Ереван во Степанакерт со автобуси. Вкупно 50.390 бегалци досега се вратија во Нагорно-Карабах“, се наведува во соопштението.

Мисијата на руските мировници е да се погрижт за безбедно враќање на бегалците, да им обезбедат хуманитарна помош и да ги обноват објектите на цивилната инфраструктура. Тие исто така ја следат ситуацијата во регионот и спроведувањето на договорите за прекин на огнот од 27 набљудувачки места.

На 9 ноември 2020 година, рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах, почнувајќи од 10 ноември.

Рускиот лидер рече дека Азербејџан и Ерменија ќе ги задржат позициите што тие ги држеа и дека руски мировници ќе бидат распоредени во регионот.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп