Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Случај Реџени: Обвинителството во Рим бара судење на египетските офицери

Случај Реџени: Обвинителството во Рим бара судење на египетските офицери
Img 7972

Јавниот обвинител во Рим официјално побара правна постапка против четворица офицери на египетската Агенција за национална безбедност обвинети за убиството на италијанскиот студент Џулио Реџени во Каиро во 2016 година.

Италијанските новински агенции ја цитираат Канцеларијата на јавното обвинителство која вели дека четворицата офицери, генерал-мајор Тарик Сабер, полковник Азер Камел Мухамед Ибрахим, полковникот Хусам Хелми и мајорот Ибрахим Абдел ал-Шариф, се обвинети за киднапирање, заговор за извршување убиство и нанесување тешка телесна повреда .

Неидентификувани напаѓачи го киднапираа италијанскиот студент Џулио Реџени, кој во тоа време имал 28 години, во јануари 2016 година. Регени бил во Египет да ги истражува синдикатите, кои локалните власти ги сметаат за политички чувствителна тема. Неколку дена подоцна, телото на Реџени беше пронајдено осакатено и со знаци на тортура, во едно предградие на Каиро.

Италијанските истражители ги обвинија египетските разузнавачки служби за „измачување на Реџени со денови со палење на делови од неговото тело и удирање клоци и тупаници, покрај тоа што користеле ладно оружје и палки пред да го убијат. Сепак, Каиро ги отфрла овие обвинувања.

Италијанските власти во 2018 година идентификуваа петмина осомничени кои работеле за египетската Служба за разузнавање. Италијанското јавно обвинителство ги отфрли обвиненијата против еден од осомничените, заклучувајќи дека жртвата починала поради респираторна слабост предизвикана од ударите што му биле нанесени.

Ако судијата во претходна постапка се согласи да го почне судењето, тоа ќе се одржи во отсуство поради одбивањето на египетските власти да ги екстрадираат осомничените.

На 31 декември, италијанската влада информираше дека одлуката на египетското јавно обвинителство да ги отфрли обвиненијата против осомничените агенти на Националната безбедност е неприфатлива.

Случајот предизвика тензија меѓу Каиро и Рим бидејќи Италија ги обвинува египетските власти дека одбиваат соработка, па дури и дека ги довеле во заблуда италијанските истражители. Сепак, Египет купи две фрегати од Италија во вредност од 1,2 милијарди евра во јуни минатата година, во знак на закрепнување на билатералните односи меѓу двете земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож