Утрински Весник
Свет

Фаучи: Веќе не мора да му противречам на Трамп, се чувствувам слободно

Фаучи: Веќе не мора да му противречам на Трамп, се чувствувам слободно

Водечкиoт американски имунолог Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател за пандемии, им изјавил на новинарите дека се чувствува полесно по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.

Од почетокот на пандемијата Фаучи имаше многу активна комуникација со новинарите, но во последните месеци се држеше на дистанца.

„Отсекогаш сум зборувал сè што знам и затоа понекогаш имав проблеми“, рече тој.

Објасни дека му било тешко да слуша изјави што немаат научна основа. Тој исто така призна дека бил многу вознемирен кога Трамп во март се залагал за употреба на хидроксихлорокин во третманот на коронавирус, лек против маларија за кој се покажало дека нема ефект против Ковид-19.

„Не беше воопшто лесно да му се спротивставиш на претседателот“, рече Фаучи, додавајќи: „И не изгледаше дека тоа може да мине без последици“.

„Самото сознание дека денеска можам да дојдам овде, да го кажам тоа што го знам, да презентирам докази и да зборувам врз основа на наука е ослободувачко чувство“, заклучи имунологот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години