Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Словенија 1.439 новозаразени со коронавирус, 27 починати

Во Словенија помалку новозаболени, но дури 34 починати
300x250 opst2

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.439 нови случаи на коронавирус, а 27 лица починаа, објавено е на специјализираната веб-страница на владата. Вкупно се извршени 11.149 ПЦР и брзи тестови.

Во моментов, активни се 19.008 случаи, што е за 628 помалку од претходниот ден. Во моментов има 1.159 пациенти во болница, од кои 182 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата, во Словенија починале 3.248 лица. На крајот на декември во Словенија започна вакцинацијата против коронавирус, а досега се вакцинирани 47.931 лице.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне

Проевропскиот блок во силно водство на изборите во Молдавија

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници