Утрински Весник
Свет

Членките на ЕУ се согласија за меѓусебно признавање на тестовите за Ковид-19

Членките на ЕУ се согласија за меѓусебно признавање на тестовите за Ковид-19

Земјите членки на ЕУ се согласија за зајакнување на употребата на брзи антиген-тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестот на Ковид-19, објави Советот на ЕУ.

Советот наведува дека употребата на брзи тестови и меѓусебно препознавање на резултатите од тестовите за Ковид-19 низ ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на вирусот, како и за придонес кон непречено функционирање на внатрешниот пазар и олеснување на прекуграничното движење и лекување.

„Клучните компоненти на оваа препорака вклучуваат валидација и меѓусебно признавање на брзи антиген-тестови и RT-PCR тестови меѓу земјите членки, размена на стандардизиран сет на податоци, изработка на заеднички список на брзи тестови за Ковид-19 и одредување приоритет за употреба на таквите тестови, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Препораката исто така вклучува одредби кои се однесуваат на предизвиците на „еволутивната пандемија“, односно дека заедничката листа на соодветни брзи тестови за Ковид-19 треба да биде доволно флексибилна за да се додадат или отстранат оние тестови врз чија ефикасност влијаат мутациите на вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: НАТО го шири своето влијание, единствена цел е пораз на Русија

Трамп е во сериозни проблеми поради Иран

Иран испали ракети врз Тел Авив како одмазда за убиството на Лариџани