Утрински Весник
Македонија

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје, против 28 – годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, кај обвинетиот биле пронајдени 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции – 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). Покрај дрогата која обвинетиот неовластено ја држел заради продажба, во станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Со цел обезбедување на присуство на обвинетиот за натамошниот тек на постапката, јавниот обвинител кој постапува во предметот до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонка убиена во Италија: Сопругот се јавил на 112 и признал – „Ја убив жена ми“

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски