Утрински Весник
Свет

Орбан: Не ни требаат објаснувања, туку вакцини

Орбан: Не ни требаат објаснувања, туку вакцини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не може да ги укине мерките воведени за спречување на коронавирусот сè додека не се изврши масовна вакцинација на луѓето.

Тој за унгарското државно радио рече дека најдобриот пристап е да се одобри употребата на неколку различни вакцини против коронавирусот, со цел да се поттикне побрзо производство и испорака на вакцини, пренесува „Ројтерс“.

„Не ни требаат објаснувања, туку вакцини“, рече Орбан и додаде дека се надева дека министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, кој денес е во Москва за да преговара за вакцините, ќе обезбеди договор за набавка на руската вакцина „спутник В“.

Според него, кога здравствените работници, старите лица и оние кои работат во првите редови ќе ја примат вакцината, може да започнат разговори за олеснување на мерките.

Унгарската агенција за лекови ја одобри употребата на британската „Астра зенека“ и руската вакцина „спутник В“. Унгарија на тој начин стана првата земја на ЕУ што ја одобри руската вакцина, за која европскиот регулатор сè уште нема дадено зелено светло.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична