Утрински Весник
Магазин

„Не е време за умирање“ одложен по трет пат

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд е одложена по трет пат поради коронакризата.

„Не е време за умирање“ веќе двапати беше туркан наназад, а сега ќе дебитира на глобално ниво на 8 октомври, се вели во објавата на веб-страницата на филмот.

Првично требаше да се појави во киносалите во април 2020 година.

Филмот е 25-то продолжение во франшизата Бонд, и во него Даниел Крејг по петти и последен пат ќе го игра агентот 007 на британската тајна служба.

Доцнењето ќе дојде како дополнителен удар врз киносалите кои беа принудени да се затвораат со месеци поради пандемијата.

На почетокот на оваа недела, водечките филмаџии, вклучувајќи ги Дени Бојл и Сер Стив Меквин, ѝ пишаа на владата на Обединетото Кралство, повикувајќи на финансиска поддршка за кино-синџирите со образложение дека „кината во Британија стојат на работ на бездната“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Италија е најдобрата туристичка дестинација за „соло“ патувања во 2026 година

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција

Поради повисоките трошоци, сè повеќе сопственици на возила го одложуваат сервисот за поправки