Утрински Весник
Технологија

Истражување на Касперски: Пандемијата го одложува напредувањето на жените во ИТ секторот

Анализа: Во ИТ секторот јазот меѓу мажите и жените скоро и да не постои

Речиси половина од жените кои работат во технолошката индустрија (ИТ) веруваат дека ефектите на пандемијата со ковид-19 го ​​одложило, наместо да го зајакне нивното напредување во кариерата, покажува истражувањето на компанијата Касперски.

Во истражувањето се вели дека некои од главните причини околу овој проблем се должат на секојдневните функции кои и натаму имаат главна улога, како што се домашно школување и чистење, но и други проблеми како што се адаптирање на работното време околу семејниот живот.

„Во исто време, спроведената анкета откри дека многу компании се чини дека направиле голем чекор кон родовата разновидност, при што седум од десет жени сметаат дека нивните вештини и искуство се сметаат за поважни од полот при аплицирање за нивната прва ИТ или техничка улога“, пишува во објавата на блогот на Касперски.

Приближно ист број (69 отсто) од женските испитаници изјавиле дека нивното мислење се почитува од самиот почеток, без оглед на нивниот пол.

Сепак, истражувањето покажува дека тимовите со мнозинство мажи сè уште доминираат врз тимовите со мнозинство жени со речиси 5 спрема 1 однос, а 44 проценти од анкетираните жени сè уште веруваат дека мажите имаат побрз напредок во кариерата во нивните организации, отколку самите жени.

Пандемијата го наметна домашното школување, но и други предизвици, што резултираше 4 од 10 жени да кажат дека се воздржале да направат кариерни промени во последните неколку месеци поради семејни или домашни притисоци.

Онлајн анкетата е спроведена во ноември и декември минатата година и тоа со 13.000 испитаници низ 19 земји: Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико, Перу, Австралија, Индија, Јапонија, Малезија, Сингапур и Виетнам.

Истражувањето ги покажува перцепциите на луѓето за половите разлики во индустријата, бариери за градење кариера во технологијата, како и за тоа што ги мотивирало мажите и жените да се приклучат во ИТ индустријата, но и за влијанието на пандемијата со ковид-19 врз перспективите на кариерите на испитаниците.

Целосниот извештај од истражувањето може да се прочита на овој линк.

„Мета.мк“ минатата година изработи истражувачка сторија за застапеноста на жените во ИТ секторот во нашата држава.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META