Утрински Весник
Свет

Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кипар, а засега нема извештаи за штети.

Потресот се случил во 15:27 часот и го почувствувале жителите на облакодерите во главниот град Никозија, при што некои во паника излегле од становите.

Кипар се наоѓа на трусно подрачје, но силните земјотреси не се чести.

Најсилниот земјотрес во поновата историја на Кипар беше со јачина од 6,3 степени во 1996 година и предизвика мали штети.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Можно е Унгарија да го прекине извозот на струја и гас во Украина ако Киев продолжи да не испорачува нафта преку „Дружба“

Иран и Русија ја завршија заедничката поморска вежба

Стармер и кралот Чарлс по приведувањето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законот