Утрински Весник
Економија

Заев: Просечната плата расте, целта ни е да стигнеме до 34.000 денари

Заев: Просечната плата расте, целта ни е да стигнеме до 34.000 денари

Имаме раст на просечната нето плата во ноември, a наша цел се достоинствени плати и подобар животен стандард за граѓаните. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

? Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 21 јануари 2021

„Имаме раст на просечната нето плата од 7% во ноември 2020, во однос на истиот месец 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари. Ваквото зголемување се должи на зголемувањата на платите во наведениот период во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %), Образование (9,5 %), Информации и комуникации (9,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (8,5%), Преработувачката индустрија (7,3%), како и во други бројни дејности. Нашата цел е граѓаните да имаат достоинствени плати и подобар животен стандард. Владата е посветена на покачување на платите до 34.000 денари во следните четири години“, напиша премиерот на својот фејсбук профил.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители

МЕРМС го одбележа Денот на рударите: Почит кон трудот денес, визија за модерно рударство утре