Утрински Весник
Македонија

Матурантите ја бојкотираат наставата

Заев: Школската година ќе започне на 1 октомври

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура.

„Сојузот на средношколци донесе одлука да започне со бојкотирање на наставата во четврта година од четврток, 21 јануари, сè додека нашите барања за државната матура не бидат исполнети“, соопшти Сојузот на средношколци.

Од таму појаснуваат дека одлуката за бојкот доаѓа откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не биле подготвени да соработуваат за нивните барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат.

Сојузот на средношколци најави дека бојкотот ќе трае една недела, а потоа дополнително ќе одлучат дали ќе продолжат да протестираат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Гордиот вазал Мицкоски се фали дека Македонија ја турка во глобална војна и ја претвора во американска колонија

Утрово без задржувања на граничните премини

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ