Утрински Весник
Свет

Бајден ќе го има првиот официјален разговор со Трудо

Бајден ќе го има првиот официјален разговор со Трудо

Првиот разговор на новиот претседател на САД, Џо Бајден, со некој странски лидер ќе биде со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Средбата ќе се одржи утре, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Псаки рече дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, како и за одлуката на Бајден за формално укинување на дозволата неопходна за изградба на нафтоводот Kистоун XL помеѓу двете северноамерикански држави, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски дрон влегол на молдавска територија, паднал и експлодирал

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици