Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: „Ќе се вратиме во некоја форма“

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: „Ќе се вратиме во некоја форма“

Трамп последен пат и се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база Ендрус, каде што се прости од нацијата со проштален говор, но таму не го дочека ниту еден од угледните функционери.

Трамп зборуваше пред неколку приврзаници, како што објавија американските медиуми. Тој ги пофали своите достигнувања, не го спомна Џо Бајден, но исто така се воздржа од оспорување на изборните резултати.

Таму не беше потпретседател Мајк Пенс, кој се извини поради обврските да замине на инаугурацијата на Бајден, ниту лидерите на републиканците во долниот и горниот конгрес на САД, Мич Меконел и Кевин Мекарти, кои беа во катедралата на мисата на покана на идниот американски претседател Бајден.

Поканите за испраќање на Трамп беа испратени до неговите поранешни соработници кои беа со него за мандатот, вклучително и оние кои го критикуваа, но некои одговорија порачувајќи дека нема да одат затоа што ќе треба да бидат во воздухопловната база до шест наутро или затоа што сметаат дека претседателот во заминување е „политички токсична стока“.

„Да не нè погодеше пандемија, ќе имавме економски бројки како никогаш порано. Берзата е на повисоки нивоа отколку порано. Економијата ја изградивме двапати. Ќе видите неверојатни бројки во иднина”, рече тој.

„Ние ја имаме најголемата земја и најдобрата економија во светот. Пандемијата нè погоди силно, исто како и целиот свет. Направивме нешто што се смета за медицинско чудо, а тоа е вакцината против ковид. Ние ја развивме за 9 месеци наместо за пет години. Наскоро доаѓа друга вакцина “, рече Трамп.

„Збогум, ве сакаме, ќе се вратиме во некоја форма. Им благодарам на Мајк Пенс и неговата сопруга Карен. Му благодарам на Конгресот или барем на некои елементи на Конгресот. Благодарност до сите големи луѓе во Вашингтон со кои работевме. Имајте добар живот и ќе се видиме наскоро”, заклучи тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“