Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мисајловски: Дали тајната смена на член на Комисијата е притисок врз останатите да ги прифатат историските невистини?

Премиерот Зоран Заев должи одговори зошто е сменет член на историската Комисија, посочи денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој јавно запраша дали со тоа се прави директен притисок и врз останатите членови за прифаќање на, како што рече, историските невистини и дали премиеорт сака од Комисијата наместо историски орган, да направи политички орган.

„Владата и Заев да одговорат дали тајната смена на членот на историската комисија, не е притисок врз одлучувањето и увертира во ново попуштање на сметка на интересите на Македонија. Зошто се крие смената на членот на Комисијата. Историјата е јасна. Науката е јасна. Чепкање во македонскиот идентитет, јазик и историја не смее да има“, порача партискиот потпретседател.

Мисајловски воедно потсети на изјавата на бугарскиот министер Каракачанов дека во игра бил анекс на постојниот договор од 12 точки и кажа дека до денес, нема информации за демант на македонската влада, додавајќи дека врз осова на тоа може да се заклучи оти Заев преговара за анекс на договорот во кој се вклучени елементи од нашиот идентитет, историја и јазик.

На крајот, потпретседателот на опозициската партија порача дека историските комисии треба да преговараат необременети од политички притисоци, а идентитетските обележја не смеат да бидат на маса на преговори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штипската Клиничка болница предвидува набавка на нови медицински апарати

Д-р Чибишев предупредува: Увезениот мазут во Македонија носи смртоносни последици по здравјето

Божиновска во Азербејџан: Македонија може да стане регионален центар за транспорт на гас