Утрински Весник
Свет

Курц лут поради градоначалниците кои се вакцинираа преку ред

Курц лут поради градоначалниците кои се вакцинираа преку ред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е лут поради градоначалниците на повеќе места, кои беа вакцинирани против коронавирусот иако не се на списокот на приоритети.

Во изминатите неколку дена, медиумите објавија дека, на некои места, како дел од вакцинацијата на корисници на старски домови, исто така, биле вакцинирани и локални политичари, преку ред, и имало тврдења дека некои луѓе плаќале за да добијат вакцина.

Курц рече дека нема разбирање за градоначалниците кои се имунизирани со преостанатите дози од вакцината, иако сè уште не им е редот.

„Ако некој се вакцинира преку ред, тогаш тоа е морално разочарувачки“, нагласи тој.

„Доколку останат дози на вакцината, важно е тие да се дадат брзо. „Но, тие треба да им се даваат на постарите луѓе, а не на политичарите, нивните жени и регионални истакнати личности“, рече Курц.

Министерството за здравство најави дека во иднина ќе го интензивира барањето за документација за вакцинација, со цел да се запре злоупотребата и да се спречи некои да се вакцинираат преку ред.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк