Новите сопственици на приватна зоолошка градина со тигри во Оклахома, прикажана во хит документарецот Tiger King на „Нетфликс“, добија наредба да ѝ ги предадат на сојузната влада сите тигарчиња и нивните мајки.
Случајот е поднесен против Џеф и Лорен Лоу, сопственици на паркот со егзотични животни Greater Wynnewood. Тие се обвинети за кршење на Законот за загрозени видови и Законот за благосостојба на животните.
Џеф Лоу е поранешен деловен партнер на Џо Егзотик, ексцентричниот крал на тигри кој беше главна sвезда на документарецот.
Егзотик, на кого вистинско име му е Џозеф Малдонадо-Пасаж, во моментов отслужува 22-годишна казна затвор за вмешаност во завера за убивање и злоупотреба на животни.