Утрински Весник
Македонија

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува на незаконско поминување на наплатна рампа, информираат од МВР.

Како што додаваат од таму, на него се гледа како маж покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“, со гостиварска регистарација.

Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него на 18. јануари бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок.

Воедно од МВР појаснуваат дека М.З. не е вработен во министерството, како што претходно беше објавено во дел од медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна