Утрински Весник
Свет

(Видео) Голема акција на шпанската полиција: одземени над 2 тони кокаин и уапсени 12 луѓе

(Видео) Голема акција на шпанската полиција: одземени над 2 тони кокаин и уапсени 12 луѓе

Шпанската полиција заплени повеќе од два тони кокаин и уапси 12 луѓе, поврзани со мрежа на шверцери на дрога кои имаат врски во Парагвај и Бразил.

Според шпанската полиција, членовите на криминалната група се обиделе да ги сокријат своите траги со легитимни зделки, а истрагата што траела повеќе од една година кулминирала со заплена на 2,28 тони кокаин скриен во пратка од 40.000 килограми јаглен во пристаништето Алгесирас во јужна Шпанија.

Пред една година, полицијата идентификува двајца членови на таа криминална група во Мурсија и Севилја, кои наводно се занимавале со легален бизнис за увоз на јаглен од Јужна Америка, а поради пандемијата, групата го преместила својот бизнис од Барселона во Алгесирас кон средината на април минатата година.

Лидерите на криминалната мрежа регрутирале луѓе да работат пред увозните компании за да ја сокријат нивната вмешаност, а тие ги переле парите во Валенсија. Тие исто така користеле криптовалути за да ги „маскираат“ парите, како и многу криминални групи од Источна Европа и Јужна Америка.

За време на истрагата, полицијата прислушувала повеќе од 100 телефони и ги следела осомничените во бројни шпански провинции. Исто така, извршен е претрес во 16 куќи и компании.

Од 12 уапсени, шестмина беа приведени, додека шестмина се ослободени под посебни услови.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија