Утрински Весник
Македонија

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат неприфаќањето на нивните барања за намалување на бројот на предмети, кои треба да се полагаат на државната матура оваа година, од четири на два.

„ Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не беа подготвени да соработуваат за нашите барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат. Ги повикуваме сите матуранти да ни се приклучат!“ се наведува во објавата на сојузот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Платформа 12:05“: Сите ви се виновни за поразите, само Филипче не!

СДСМ: Власта штанца кривични по нарачка за неисплатени пари – додека го штити криминалот на Мицкоски

Кривична пријава против Макрадули: Сомнежи дека неплатени долгови ја чинеле „Пошта“ речиси 11 милиони денари камата