Утрински Весник
Свет

(Видео) Лавина во Русија затрупа четири до 12 лица

(Видео) Лавина во Русија затрупа четири до 12 лица

Лавина затрупа меѓу четири и 12 лица во одморалиште во рускиот регион Домбај, во Карачај-Черкесија, на Кавказ.

Лавината се сруши на скијачката патека и затрупа две приколки на местото за изнајмување ски-опрема, а оштетено е и кафуле, пренесува ТАСС.

На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи кои се обидуваат да ги најдат затрупаните лица. Од руското Министерство за вонредни состојби рекоа дека спасувачкиот тим се состои од 50 лица, но дека ќе бидат ангажирани уште 172 лица за да ги бараат затрупаните.

Одделот на Министерството за вонредни состојби во Карачај-Черкесија издаде итно предупредување за опасност од лавини на планините над 2.000 метри.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите