Утрински Весник
Свет

(Видео) Незадоволни граѓани во Мексико го врзале градоначалникот за дрво

(Видео) Незадоволни граѓани во Мексико го врзале градоначалникот за дрво

Граѓаните на општината Чиапас во Мексико решиле да преземат радикални мерки против нивниот градоначалник и да го врзат за дрво затоа што проектот за јавни работи бил толку лошо направен што бил бескорисен.

Жителите на 11 населби изјавија дека градоначалникот Оскар Рамирез Агилар го врзале на јавна површина за да го прикажат како лош јавен службеник, кој не треба да биде реизбран.

Граѓаните велат дека општинските водоводни инсталации се во толку лоша состојба, што не се во согласност со безбедносните барања.

Во моментов немаат вода, како што наведоа, поради истекување од резервоарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море