Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки, од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, oбјави вечерва премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки, од утврдената вредност на…
Posted by Zoran Zaev on Четврток, 14 јануари 2021
Оние кои имаат поднесено барање за регистрација, појаснува тој, задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да ги имаат регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседуваат важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.
„Со ова, законски создадовме можност за регистрација на возилата кои се со странски таблички, со цел регистрацијата да биде дома, а средствата да одат за патишта, за општините, како и за важни фондови за државата“, напиша Заев.