Утрински Весник
Македонија

Поради снежните врнежи забрана за товарни возила на два патни парвци

Поради снежните врнежи забрана за товарни возила на два патни парвци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец, крак Маврово – Дебар. Поради истите причини, денеска од 18 часот и 50 минути ваква забрана е воведена и на преминот Стража.

Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Средба Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата