Утрински Весник
Свет

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè уште се во Сингапур, поради тестирање за Ковид-19.

Останатите 13 експерти пристигнаа во Вухан, пренесува „Ројтерс“.

Сите 15 членови на мисијата на СЗО беа негативни пред заминувањето и во Сингапур исто така сите беа негативни на тестот, но кај двајца членови на тимот се пронајдени антитела и тие повторно се тестираат, соопшти СЗО.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нова безбедносна тревога на аеродромот во Прага: Девет авиони проверувани по закани со бомби

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се наместени нашите избори

Тешка автобуска несреќа во Франција