Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петровска: Реализацијата на пописот е патриотски чин

(Видео) Петровска: Реализацијата на пописот е патриотски чин

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа година, изјави Славјанка Петровска од СДСМ. Според неа, реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин.

„Попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат. После цели 19 години на нашата земја и е неопходен попис. За да може подобро и рамномерно да се развива, за креирање нови долгорочни развојни политики. Тоа е во интерес на државата, на народот, на сите наши граѓани. Затоа велиме дека реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин“, вели Петровска.

Таа вели дека Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка.

„А за својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си бара други начини наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата. Тој е против се а не знае зошто. Се обидува да блокира се, без никаква одговорност кон државата и без осет за потребите на граѓаните. Дури повикува на бојкот на пописот. Зошто не знае ниту тој. Помалку граѓани Македонци да излезат? Да бидеме единствена земја без попис? Ние немаме намера да му дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис“, рече Петровска.

Таа ги повика  сите пратеници да го поддржат законското решение.

„Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции и проверени. Што значи не е возможно да се попишат лица кои не постојат. Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди. Тоа е важно за економијата, за целокупното наше општество, за развојот на нашата држава и ние сме должни тоа да го овозможиме“, рече пратеничката од СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи