Утрински Весник
Свет

СЗО: Втората година од пандемијата би можела да биде потешка

СЗО: Втората година од пандемијата би можела да биде потешка

Втората година од пандемијата на Ковид-19 може да биде уште потешка од првата со оглед на тоа колку бргу се шири вирусот, особено на северната хемисфера, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„Влегуваме во втората година од пандемијата, која може да биде уште потешка поради динамиката на преносот и некои други работи што ги гледаме“, рече високиот службеник на СЗО, Мајк Рајан.

Речиси два милиона луѓе починаа за време на епидемијата во светот, а околу 91,5 милион се заразиле.

СЗО објави дека, по две недели помалку случаи, се пријавени околу пет милиони нови случаи на коронавирус во последните седум дена како резултат на сезоната на празници.

„Студот, седењето во затворени простории и зголемените социјални контакти се комбинација на фактори што доведоа до поголемо пренесување на вирусот во многу многу земји“, рече Рајан.

„Во многу земји ситуацијата ќе се влоши по празниците пред да се подобри“, рече Марија ван Керхове.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата