Утрински Весник
Свет

Белорускиот новинар Андреј Александров уапсен во Минск

Белорускиот новинар Андреј Александров уапсен во Минск

Белорускиот новинар и медиумски менаџер Андреј Александров е приведен и моментално е во полицискиот оддел Октјабрски во Минск, објави Белоруското здружение на новинари, пренесува ТАСС.

„Полицијата одби да открие за што е приведен Александров. Адвокатот на новинарот во моментов се наоѓа таму”, соопшти Здружението.

Претходно, колегите на новинарот објавија дека Александров станал недостапен за комуникација на 12 јануари.

Александров е истражувач во медиумската сфера и работи како обучувач во училишта за менаџмент на медиуми во голем број земји. Претходно, тој беше заменик-претседател на Здружението на новинари.

Александров исто така работел како заменик-извршен директор на новинската агенција БелаПАН. Во 2014 година, тој ја основаше веб-страницата „Белоруски журнал“, останувајќи нејзин издавач и главен уредник до денес.

Според Здружението, новинарите во Белорусија биле приведени вкупно 479 пати. Девет новинари во моментот се во притвор за кривични случаи; покрај тоа, новинарите биле подложени на административни апсења 97 пати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп жестоко му се закани на Иран по нападот врз американските сили

Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија се зголеми на 18

Застрелан директор на руска компанија за производство на дронови во Тула