Утрински Весник
Култура
300x250 opst2

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ

Мицко Дамњановски нов уметнички раководител на НОБ
Img 7972

За нов уметнички раководител на Националната опера и балет е назначен Мицко Дамњановски, кој доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 до сега.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломирал на факултетот за Музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 година на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот Симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски Симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“