Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Премиерот на Естонија поднесе оставка

Премиерот на Естонија поднесе оставка
Img 7972

Естонскиот премиер Јури Ратас објави дека поднесува оставка, откако беше отворена истрага за финансирање на проект за развој на имот во главниот град Талин.

Портпаролот на премиерот, Лиси Пол, изјави дека тој денес ќе му ја предаде оставката на претседателот Керсти Калjулајд, по што таа ќе му предложи нов премиер на парламентот, пренесува „Ројтерс“.

Порталот „Би-ен-ес“ објави дека Ратас донел одлука за оставка по состанокот на раководството на неговата лево ориентирана Естонска партија на центарот, што заврши доцна синоќа.

Порталот наведува дека партијата се смета за осомничена во кривичната истрага за финансирање, но Ратас негира дека знае нешто за тоа.

Ратас, кој е премиер од 2016 година, ги загуби парламентарните избори во 2019 година, но спречи победникот на изборите, Реформската партија, да ја преземе власта, формирајќи коалиција со конзервативната Патриотска партија и крајната десница ЕКРЕ.

Следните избори во Естонија треба да се одржат во март 2023 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас