Утрински Весник
Спорт

Македонија оди на ракометниот Мундијал во Египет, Чешка се откажа

Македонија оди на ракометниот Мундијал во Египет, Чешка се откажа

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација ќе биде дел од ново Светско ракометно првенство кое утре започнува во Египет.

Нашите репрезентативци одат на Мундијалот „на мала врата“, како прва резерва откако селекцијата на Чешка мораше да го откаже својот настап поради големиот број ракометари позитивни на коронавирусот.

Нашите ракометари, кои се очекува што поскоро да отпатуваат кон африканската држава ќе бидат дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција која минативе денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.

В четврток во 1.коло играме со Шведска, на 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а на 18. ќе играме против Чиле.

За Македонија ова ќе е седмо учество на СП откако првото беше пред 22 години, токму во Египет.

> Македонија оди на ракометниот Мундијал во Египет, Чешка се откажа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови