Утрински Весник
Спорт

Долгот на Барселона се доближува до „магичната“ бројка од милијарда евра

Долгот на Барселона се доближува до „магичната“ бројка од милијарда евра

Пред изборите за нов претседател на Барселона, каталонскиот весник „Ла вангардија“ тврди дека клубот е во тешка финансиска ситуација со долг од речиси милијарда евра, што може да предизвика големи проблеми во управувањето со клубот и несомнено, продажба на дел од фудбалерите.

Барса очекуваше сезоната 2019/20 да стане првиот клуб во историјата кој имал 1 милијарда евра приходи во една сезона, меѓутоа таа сума стана недостижна по пандемијата на КОВИД-19. Наместо тоа, клубот го зголеми долгот за речиси 100 милиони евра, а има стравувања дека 2020/21 ќе биде уште полоша.

Според весникот, таа сума се додаде на претходниот долг од 500 милиони евра, а покрај тоа има дефицит од 400 милиони евра за 2020/21, а уште полоша вест е што 420 милиони евра од оваа сума треба да се врати во следните 12 месеци, нешто што клубот тешко дека ќе може да го изддржи.

Ова значи дека новиот претседател на клубот и неговата управа ќе се најде пред прва итна задача да го реструктуира долгот, односно уште повеќе да се задолжи. Барселона не се единствени со ваков долг – неодамна беше објавено дека Атлетико Мадрид ја надминал границата од 1 милијарда евра долг.

Атлетико Мадрид имаат неверојатен долг од 999 милиони евра?

> Долгот на Барселона се доближува до „магичната“ бројка од милијарда евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари