Утрински Весник
Свет

Меркел: Потребни ни се уште 8 до 10 недели остри мерки против коронавирусот

Меркел: Потребни ни се уште 8 до 10 недели остри мерки против коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во нејзината конзервативна партија изјави дека очекува ограничувачките мерки во Германија да бидат на сила до почетокот на април, наведува германски „Билд“.

„Ако не успееме да го запреме овој британски вирус, тогаш ќе имаме 10 пати повеќе случаи до Велигден“, предупреди Меркел, пренесе „Ројтерс“.

„Ни требаат уште осум до 10 недели остри мерки“, ја цитираше „Билд“ германската канцеларка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија усвои закон со кој на илјадници затвореници кои се зависници им се овозможува да ја издржуваат казната дома

Руска новинарка осудена на 12 години затвор под обвинение за предавство на државата

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција