Утрински Весник
Магазин

Британски актер здогледал кралски питон во својата бања

Британски актер здогледал кралски питон во својата бања

Актер од британската ТВ-серија „Коронејшн стрит“ изјави дека почнал да сонува змии откако на тоалетното седиште пронашол кралски питон долг 4 фити (1.2 метри), објави Би-би-си.

Хари Висинони, кој го игра Себ Франклин во ТВ-сапуницата, бил во својот дом во Хале во саботата, и кога сакал да ги мие забите го видел влекачот како „зјапа во него“.

Се смета дека змијата побегнала од претходниот сопственик и влегла во ѕидна празнина, соопшти добротворната организација RSPCA. Организацијата змијата ја нарече Лулу.

Откако го видел влекачот завиткан во неговата бања, Висинони ја затворил вратата и истрчал да ја повикал својата девојка Ели Ајзак.

Заедно накратко ја отвориле вратата, и гледале како змијата се лизга кон WC школката. Додека разговарале што треба да направат, питонот исчезнал. Парот поминал „непроспиена ноќ сонувајќи змии“, пред да се јави во RSPCA рано наутро.

Службеничка за спасување животни, Соња Хулм, пристигнала во нивниот дом и ја лоцирала змијата зад радијаторот во бањата, пренесува Би-би-си.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста