Утрински Весник
Свет

Малта: Авион вратен поради патничка која одбила да носи маска

Малта: Авион вратен поради патничка која одбила да носи маска

Авионот, кој летал од Малта кон Италија, морал да се врати кратко по полетувањето, бидејќи една патничка одбила да носи заштитна маска против коронавирусот.

Судот соопшти дека 24-годишната Италијанка, жителка на Бугарија, влегла во расправија со екипажот на летот кој трае 20 минути, одбивајќи да стави маска, иако била предупредена дека тоа претставува здравствен ризик за сите во авионот.

Авионот на летот кон италијанската провинција Катанија се вратил на Малта, а жената веднаш била уапсена и однесена на суд.

Таа призна дека одбила да ги следи упатствата на членовите на екипажот.

Жената е осудена на шест месеци затвор со условна казна од две години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руска новинарка осудена на 12 години затвор под обвинение за предавство на државата

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност