Утрински Весник
Македонија

Заев разговараше со Брнабиќ: Од 14 јануари Србија го укинува ПЦР-тестот за македонските граѓани

Заев разговараше со Брнабиќ: Од 14 јануари Србија го укинува ПЦР-тестот за македонските граѓани

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, соопшти Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!

Со новите предлог кандидати за градоначалници, СДСМ најави дебакл на изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ